Адријана Лима го продава станот во Њујорк

4 јули 2013

Супер моделот Адријана Лима одлучи да го продаде својот стан во Централ парк и тоа за 4 милиони долари.Таа и нејзиниот сопруг, кошаркарот Марко Јариќ ќе живеат во четири собна вила на Флорида.

 

Лима станот во Њујорк го купи во 2003 година кога стана заштитно лице на козметиката.Мејбелин. Тогаш манекенката плати еден милион и 500 илјади евра, а сега го продава речиси за три пати повисока цена. Како што пишуваат странските медиуми, станот во Њујорк не им е потребен зашто поминуваат многу малку време во него а повеќе во вилата на Флорида. Станот кој се продава има 200 квадрати и е опремен со скапоцен ентериер што најверојатно е причината за високата продажна цена. Потенцијалните купувачи на располагање ќе имаат услуга од вратар, ресторан и фитнес центар во склоп на зградата.

 

Објавено:
4 јули 2013
Категорија: 
Сцена