Актерите од „Suits“ пристигнаа во Лондон за кралската венчавка

17 мај 2018

На само два дена пред долгоочекуваната кралска венчавка, познатите пријатели на поранешната актерка и вереница на принцот Хари, Меган Маркл, пристигнаа во Лондон.

Нејзината најдобра пријателка Џесика Мулрони пристигна меѓу првите, заедно со ќерката Ајви за која беше објавено дека ќе биде деверица на свадбата заедно со уште неколку дечиња на нивните најблиски пријатели и роднини.

Фотографите низ Лондон ја „уловија“ и дизајнерката Миша Ноно за која се шпекулираше дека ги запознала принцот Хари и Меган.

Во меѓувреме, на своите Инстаграм профили фотографии од Лондон објавија и нејзините колеги – актери од популарната серија „Suits“ од која таа беше дел.

Познатиот актер Габриел Махт кој го толкува ликот на згодниот адвокат Харви Спектер во серијата, сподели фотографија со неговата сопруга, исто така актерка во серијата, Јасинда Барет и нивните дечиња на разни дестинации во Лондон.

Еден од омилените ликови во серијата, актерот Рик Хофман на Инстаграм објави „селфи“ фотографија под која напиша дека оди на „специјален настан“, веројатно мислејќи на кралската венчавка. Тој објави и кусо видео во кое вели:

„Само сакам да ве поздравам, завршив со снимањето на новата епизода, сакам да ви кажам дека ве сакам и дека се гледаме наскоро, сега одам на еден специјален настан на Исток за кој сум многу возбуден“, рече актерот во видеото.

Целиот свет, особено Велика Британија, со нетрпение ја очекува кралската венчавка на принцот Хари и Меган Маркл која треба да се случи оваа сабота во Лондон.

Објавено:
17 мај 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.500 пати