Актерката Рејчел Билсон носи хрватски дизајн

28 јули 2018

Хрватската дизајнерка Александра Дојчиновиќ неодамна се пофали на својот Инстаграм профил дека нејзините креации стасале и до Холивуд.

Во прилог на ова одеше и фотографијата од актерката Рејчел Билсон која нашата публика ја препознава најмногу по улогата на Самер Робертс од „Округот Оринџ“, токму во креација на брендот „Lei Lou“.

 

Рејчел носи црн фустан од тул, со слоевити ракави, веројатно се работи за фотосесија за која се одлучила токму за креација од хрватската дизајнерка.

И таа ја сподели истата фотографија, под која следеа бројни позитивни коментари.

 

A post shared by @rachelbilson onJul 25, 2018 at 4:16pm PDT

 

Инаку, освен неа, Александра може да се пофали дека во нејзини креации досега се појавиле и Кетрин Мекфи, Кели Куоко, Мел Би, Кејт Волш, а дизајнерката не крие дека нејзина желба е да ја види и Кејт Бланшет во своја креација. 

 

Објавено:
28 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
280 пати