Александар Ванг дизајнираше шик парчиња за хуманитарни цели

2 септември 2015

Верувале или не оваа, година се навршуват десет години од постоењето на брендот на необично талентираниот и интелегентен Александар Ванг.

Неговите почетоци се забележуваат од неколку парчиња школски џемпери кои станаа омилено парче на познатите од А - листата.

По повод прославата од неговата прва линија наречена „Ванг 10“, дизајнерот создаде капсулна колекција за жени и на тој начин воспостави интеракција со неговите потрошувачи на кои им даде можност да гласаат кои 10 парчиња да ги врати од претходните сезони.

Но, најважно од сѐ е здружувањето со хуманитарната „Направи нешто“ (#DoSomething), со која Ванг дизајнира блузони и маички со цел да се соберат средства за оваа организација.

Организацијата #DoSomething е значајна по тоа што создава проекти за млади луѓе кои имаат идеја да го направат светот подобро место за живеење.

Александар Ванг е познат по својата неизмерна љубов кон децата и токму поради ова, тој успева за овој проект да ги собере сите негови славни клиенти и пријатели, почнувајќи од Род Стјуарт, Ким Кардашијан,Памела Андерсон ,Канје Вест и многу други артисти кои веруваат во неговата приказна.

Објавено:
2 септември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
549 пати