Алесандра Амбросио и нејзиниот неприкосновен сексапил на насловната на Harper’s Bazaar

26 септември 2014

Бразилската убавица Алесандра Амбросио ја краси насловната страна на октомврискиот број на Harper’s Bazaar Австралија – The Body Issue.

Како што изјавија од тимот на магазинот, изборот на прекрасната Алесандра дошол сосема спонтано и нормално, со оглед на тоа што таа е една од најдобрите манекенки на денешницата со неверојатно тело!

Фотосесијата за магазинот ја направи Симон Аптон, а сите стајлинзи се уредно и беспрекорно одбрани од стилистот Тревор Стоунс.

Речиси на сите фотографии, Алесандра изгледа совршено во парчиња од последните колекции на светските дизајнери, меѓу кои и темно зелено палто од колекцијата на Селин, кожен фустан на Гучи, апсолутниот хит за сезонава – фустанот со реси на Стела Мекартни и неверојатно сексапилниот, црн фустан со тенки прерамки и длабок шлиц на Алекс Пери.

Покрај одличните креации, она што особено маѓепсува на сите фотографии, е неверојатното тело на бразилскиот супер – модел и нејзиниот неверојатен сексапил што таа го поседува во изобилство.

Во продолжение, погледнете ги сите фотографии од фотосесијата и уште еднаш уверете се зошто Алесандра е една од најплатените манекенки кои било кога се појавиле на модната сцена.

Објавено:
26 септември 2014
Категорија: 
Сцена