Можеби многумина не го знаеја нејзиното име минатата година, но последниве неколку месеци Алиша Викандер е девојката со многу големи шанси за Златен Глобус и за Оскар. 

Неодамна ѕвездата на „Девојката од Данска“ беше номинирана за два Златни Глобуси и уште неколку други награди, за кои експертите од светот на филмот велат дека има огромни шанси да ги добие. 

Во Холивуд таа се наметна токму со нејзината ненаметливост, нежност, шарм и неверојатна харизма со која зрачи каде и да се појави. 

Во интервјуто за Вог, шведската ѕвезда ги открива нејзините стравови за иднината во која ќе снима филмови со големи актери. 

„Да бидам искрена, не можам да престанам да мислам на тоа, да мислам како ќе биде, што ќе се случи...“, вели Алиша. 

Таа додава дека станува збор за измешани чувства, нешто што не може да го сопре. 

„Се прашуваш дали си добра, дали го имаш сето она што е потребно. Во себе имам постојан немир, особено кога разговарам со искусни актери кои ми велат дека ова може да биде мојата единствена шанса што морам да ја искористам“, додава актерката во интервјуто. 

Таа е фантастична во филмот за кој се очекува да биде вистински блокбастер Ex Machina, но подеднакво добра е и во одличниот Danish Girl во кој игра со Еди Редмајн. 

Во едиторијалот за Вог таа носи неверојатни парчиња од светски дизајнери, а се појавува и на насловната на магазинот кој излегува во продажба веќе од утре.

Објавено:
15 декември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
436 пати