Амал Клуни: Џорџ е џентлмен во секоја смисла на зборот!

8 јуни 2018

Амал Клуни за прв пат јавно зборуваше за љубовта кон нејзиниот сопруг Џорџ, на вчерашната церемонија на Американскиот Филмски Институт кога и му беше доделена наградата за животно достигнување.

Прекрасната адвокатка на сцената вљубено говореше за нејзиниот сопруг велејќи: „Пред сè, тој е џентлмен. Тој е џентлмен во секоја смисла на зборот, нешто што е ретко во денешно време, нешто што можеби и не постои веќе“.

Додека таа говореше, актерот ја гледаше со гордост и уживаше во нејзините искрени зборови кои јавноста можеше да ги слушне за прв пат.

„Го запознав Џорџ кога имав 35 години. На почетокот се криевме во мојот стан во Лондон и за многу скоро знаев дека никогаш не сакам да бидам со некој друг. Не можев да спијам кога бевме одвоени, тешко ги читав пораките или писмата што тој знаеше да ги скрие во мојата чанта. Она што го најдов со тебе е љубов какво што секогаш се надевав дека постои“, рече сопругата на актерот.

Додаде и дека после пет години, ништо од тоа не се сменило. Тој сè уште е човекот на нејзиниот живот, човекот на кој секојдневно му се восхитува, неговата насмевка прави да се стопи, а љубовта што ја чувствува е нешто кое не може да се опише со зборови.

„Многу ми е полесно во судницата, отколку тука, јавно да зборувам за нашиот приватен живот. Го направив тоа бидејќи сум исклучително горда на него“, рече таа.

Сосема на кратко, таа говореше и за нивните близнаци кои наскоро ќе го прослават првиот роденден.

„Кога те гледам со нашите деца...нема поголема радост од тоа. Ти го полниш нашиот дом со смеа и среќа секој ден. Многу сум горда на тебе. Ти честитам за оваа голема награда што ја прими вечерва. Горда сум и знам дека и нашите деца ќе бидат кога ќе дознаат што си направил во животот и кој си ти вистински“, заврши со говорот Амал.

Она што беше вистинско изненадување за сите присутни беше појавувањето на таткото на Џорџ, Ник Клуни кој му ја врачи наградата на неговиот син.

Фото и извор: Daily Mail

Објавено:
8 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.414 пати