Американски музички награди: црвен килим во црно!

20 ноември 2017

Вчеравечер во театарот „Microsoft" во Лос Анџелес се одржаа традиционалните Американски музички награди, каде признанија добија оние што изминатава година беа најактивни и највлијателни во американската музичка индустрија.

Домаќинка на годинешното издание беше Трејси Елис Рос, ќерката на легендарната Дајана Рос која пак го доби признанието за животно дело, а на црвениот килим се појави заедно со своето семејство.

Најуспешна оваа вечер беше за Бруно Марс, кој освои седум од вкупно осум номинации, вклучително и за Артист на годината.

Пинк и Кели Кларксон имаа сентиментален трибјут со кои им оддадоа почит на семејствата на жртвите на починатите во природните катастрофи во Америка, додека пак Кристина Агилера својот настап и го посвети на Витни Хјустон.

Лејди Гага успеа да ја победи Ријана во категоријата за најдобар поп артист, додека екипата што стои зад летниот хит „Деспасито" го освои признанието за соработка на годината.

Комплетната листа на победници може да ја проследите на овој линк.

Кога е во прашање црвениот килим, доминираше црната боја. Најголем дел од ѕвездите што се појавија меѓу кои и Селена Гомез, Никол Кидман, Сијара, Кели Роланд, Деми Ловато, одбраа монохроматски изглед во црна варијанта.

Кои беа највпечатливите изданија погледнете во галеријата во продолжение.

Фото извор: Daily Mail / Getty Images

Објавено:
20 ноември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
748 пати