Канскиот филмски фестивал не може да се замисли и без amfAR gala вечерта, која секако има хуманитарен карактер.

Бројни познати личности вчеравечер се собраа да зборуваат и донираат за свесноста и заболените од СИДА. Леонардо Дикаприо беше еден од најгласните говорници за оваа цел, а присутните беа воодушевени и од присуството на Кевин Спејси, кој на некој начин беше домаќин и со досетките ги забавуваше гостите.

Леонардо Дикаприо

Но, amfAR gala вечерта привлекува големо внимание и поради познатите личности и нивните модни комбинации. Годинава, дел од ѕвездите се одлучија за мошне смели и секси креации.

Модната уредничка Карин Ројтфилд е една од оние што изненади со стајлингот во транспарентен фустан на Александре Вотје.

Карин Ројтфилд

Сите погледи беа насочени и кон Алесандра Амбросио која носеше црна тоалета со длабоко деколте и шлиц од „Redemption“.

Алесандра Амбросио

Еден од фустаните за кои најмногу се зборува ден-потоа беше оној што го носеше Шанел Иман, на модната куќа „Маркеза“. Кончената тоалета со тантелни апликации, едвај ги сокриваше интимните делови на моделот, но сепак Шанел Иман тоа одлично знаеше да го носи.

Шанел Иман

Меѓу оние што го привлекоа вниманието беа и Хајди Клум во „Версаче“, Кејти Пери во „Маркеза“ (инаку фустани од оваа модна куќа доминираа на вчерашната забава), Наташа Поли, Саша Лус...

Наташа Поли носи фустан од „Кавали“

Изгледот на сите ѕвезди вечерта, можете да го погледнете во галеријата погоре.

Објавено:
20 мај 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.285 пати