Ана Винтур и Марк Џејкобс ја обожаваат новата колекција на Прада

9 јануари 2014

Не знаеме дали појавата на Ана Винтур на премиерата на „Girls“ e поврзана со гласините за новата насловна на Вог со Лена Данхам, но со сигурност можеме ад кажеме дека уредничката се појави во шарен крзнен капут кој беше презентиран на пролетното шоу на Прада.Откако Мијуча Прада откри дека заштитен знак на колекцијата е феминизмот, изборот на Винтур изгледа сосема оправдан, но сепак таа не е единствена која е вљубена во новите парчиња.

Дизајнерот Марк Џејкобс беше забележан како носи сличен капут и тоа во Сеинт Бартс каде температурите налагаат сосема друг избор на аутфит. Дека Винтур и Џејкобс обожаваат да носат парчиња од Прада докажува и фактот што минатата година двајцата на премиерата на „The Great Gatsby се појавија во идентични крзнени палта токму од оваа модна куќа.

Објавено:
9 јануари 2014
Категорија: 
Сцена