Андреј Пејиќ се впушта и во дизајнерските води

14 април 2014

Пред неколку години, кога моделот Андреј Пејиќ зачекори на пистата од ревијата на Готје, луѓето не беа сигурни што точно да мислат за него. Гледаа во убава жена со долга руса коса и истакнати јаболчници, со само 19 години и потекнува од Србија. Во текот на овие неколку години, Пејиќ кој се идентификува како лице од женски пол доби многу ангажмани во модната индустрија, чекореше на машки и женски модни шоуа, а позираше и како главен модел од бројни едиторијали. Сега, новите професионални подвизи на Андреј се градењето на сопствен бренд, а веќе ја лансираше и првата линија на минимал 3Д принтан накит, во соработка со брендот „Sam H Snyder“. Освен тоа веќе работи и на снимањето документарец за неговиот живот, а се инволвира и како модел за козметички производи. Тој во едно неодамнешно интервју за „Cut“ открива детали околу новата соработк, како и за тоа кои се следните чекори што планира да ги реализира.

-Долго време размислувам за проект чиј профит ќе биде доделен во хуманитарни цели. Името на брендот со кој соработувам е  „Sam H Snyder“ , ги обожувам пред се поради накитот што го изработуваат. Бев многу среќен кога ми се јавија и ми понудија да соработувам со нив. Според мене тоа е можноста токму собраните средства од продажбата да бидат донирани. Сакам специјални изработки на накит, всушност најмногу ми се допаѓа машкиот накит кој и најчесто го носам. Не трошам богатства на аксесоари, но кога купувам облека и накит сакам тие да бидат уникатни.

Освен соработката за накит, Пејиќ пишува и автобиографска книга, зашто чувствувал потреба да раскаже се што ми се случува во животот.

-Човечкиот живот не може да се објасни во едно интервју со неколку прашања, тоа е само блага рефлексија од карактерот и ставовите на одредена личност. Затоа сметам дека имам интересна приказна и бекграунд. Чувствувам слобода и затоа сакав да им објаснам на сите од која точка јас гледам на животот.

Наскоро се очекуваат и книгата и документарниот филм на ексцентричниот српски модел.

Објавено:
14 април 2014
Категорија: 
Сцена