Анџелина Џоли – дефиниција за елеганција на филмскиот фестивал во Торонто

13 септември 2017

На премиерата на филмот „First They Killed My Father" на интернационалниот филмски фестивал во Торонто, Анџелина Џоли го освои вниманието на светската јавност, појавувајќи се на црвениот килим во совршено елегантно издание.

Црната е заштитен печат на нејзиниот личен имиџ, па сосема очекувано и овој пат беше нејзин избор. За оваа прилика, Џоли одбра раскошен асиметричен фустан со еден ракав од Ralph&Russo.

Гламурозниот изглед на актерката беше надополнет единствено со суптилни висечки обетки и салонки на високи потпетици, што беше сосема доволно за перфектен стајлинг.

 

Фото извор: Getty images / George Pimentel

Објавено:
13 септември 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.294 пати