Анџелина Џоли и Бред Пит ќе посвојат дете од Сирија

22 септември 2015

Според последните информации во светските медиуми, се чини дека Анџелина Џоли и Бред Пит ќе го прошират своето семејство.

Radar Online пишува дека холивудската двојка ги финализира документите за посвојување на дете од Сирија кое останало без родители во бомбардирање во војната.

Инаку, детето имало уште две братчиња кои актерката сакала да ги посвои, но според информациите, нејзиниот сопруг ја спречил во таа идеја поради огромната промена што тие ќе ја направат во нивното семејство.

Магазинот пишува дека Бред бил загрижен како тоа ќе се одрази на нивните деца и како воопшто тие ќе успеат да им посветат внимание на сите.

Досега, Бред Пит и Анџелина Џоли имаат шест деца, од кои три биолошки и три посвоени.

Двојката засега не била достапна за коментар.

 

Објавено:
22 септември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.470 пати