Анџелина Џоли прекрасна во бел плисиран фустан во Париз

9 јули 2019

Во моментов една од омилените холивудски актерки Анџелина Џоли го снима новиот филм за кој многумина ќе кажат дека ќе биде вистински хит – Those Who Wish Me Dead.

Прекрасната актерка направи пауза од снимањето и се прошета низ улиците на Париз облечена во шармантен бел плисиран фустан во комбинација со кафен ремен на половината и чанта во иста нијанса.

Друштво ѝ правеше познатата актерка од култниот The Deep, Жаклин Бисет која иако има 74 години, изгледа фантастично.

Во моментов се очекува второто продолжение на Maleficent: Mistress od Evil, поради што и голем број обожаватели на филмот се собраа пред хотелот на актерката барајќи автограми.

Прошетката на актерката низ Париз, доаѓа откако дента се појавија папарацо фотографии од фотосесија за брендот Герлан чие заштитно лице е токму таа.

На фотографиите изгледаше прекрасно и секси во бела свилена ноќница со собрана коса и минимална шминка која ја истакнуваше нејзината убавина.

 

Инфо и фото: Daily Mail, Entertainment Tonight

Објавено:
9 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
7.754 пати