Анџелина Џоли слета во Сараево

28 март 2014

Славната холивудска актерка Анџелина Џоли слета на сараевскиот аеродром во придружба на министерот за надворешни работи на Велика Британија, Вилијам Хејг. Со насмевка на лицето таа позираше пред фоторепортерите облечена во целосно црна комбинација.

Актерката ќе присуствува на конференцијата на тема „ Превенција на сексуално насилство во судирите  и засилување на улогата на безбедносни сили во операциите на поддршка на мирот“.

 

Инаку, Џоли  е прогласена на почесна жителка на Сараево, а неколку пати престојуваше во БиХ  каде го снимаше  своето режисерско првенче „Во земјата на крвта и медот“.

Објавено:
28 март 2014
Категорија: 
Сцена