Анџелина Џоли со своите деца се атракција за време на посетата на Париз

31 јануари 2018

Холивудската актерка и режисерка Анџелина Џоли заедно со своите шест деца, деновиве е во посета на Париз по повод снимањето на нејзината нова кампања за козметичкиот бренд Guerlain чие заштитно лице е.

Покрај работните ангажмани, Џоли ја искористи приликата во слободното време со Медокс, Пакс, Захара, Шајло, Вивиен и Нокс, да посетат дел од културните знаменитости на француската престолнина што секако не остана незабележано од медиумите. Напротив, ги следеа во чекор.

Уште еден сегмент од посетата на Џоли, што го привлече вниманието беше и состанокот со првата дама на Франција, Брижит Макрон.

На состанокот, двете дами разговарале и за неодамнешната посета на Џоли на Јордан, каде во кампот за бегалци таа се сретна со деца и семејства од Сирија.

Она што исто така веднаш беше забележано е беспрекорниот изглед на двете дами – Џоли носеше елегантен пеплум фустан од Роланд Мурет, додека Макрон изгледаше софистицирано во блејсер во неутрална боја и бела кошула.

Фото извор: Getty images

Објавено:
31 јануари 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.144 пати