Аријана Гранде ја покажа нејзината природна коса

28 ноември 2019

Младата пејачка Аријана Гранде стана препознатлива по фризурата која секогаш подразбира долго и волуменозно опавче, врзано високо.

Но, на социјалните мрежи објави видео со кое покажа дека таа коса всушност не е нејзина. Од видеото се гледа како изгледа нејзината природна коса.

 Тоа предизвика бројни коментари.

Има такви кои велат дека нејзината коса е прекрасна и на следната турнеја би било супер да настапува без „лажната“ коса.

Од друга страна, има и такви кои коментираат дека конечно покажала дека има афро-американско потекло и дека затоа ја крие косата.

На крајот, меѓу нејзините обожаватели има и такви кои сметаат дека косата ѝ е максимално оштетена и ѝ даваат совети како да ја негува.

Инаку, пејачката е една од десетте највлијателни познати личности на социјалните мрежи, па не изненадува фактот дека дури и ваквите вести предизвикуваат многу внимание.

Објавено:
28 ноември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
324 пати