Бар Рафаели уапсена

18 декември 2015

Израелскиот топ модел, Бар Рафаели и нејзината мајка вчера биле уапсени под обвинение дека не пријавувале милионски суми заработени во странство, пренесуваат светските медиуми.

Полицијата тврдела и дека таа се обидела да го сокрие нејзиното израелско жителство и дека живее во имоти кои се регистрирани на име на членови на нејзиното семејство.

Рафаели ги негирала обвиненијата и е пуштена на слобода откако платила кауција од околу 200.000 долари, но истрагата за овој случај продолжува.

Познатата манекенка покрај успешната кариера е позната и по нејзината повеќегодишна врска со актерот Леонардо ди Каприо.

 

Објавено:
18 декември 2015
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.000 пати