Барак Обама во спортско, а урбано издание

22 февруари 2019

Поранешниот претседател Барак Обама неодамна беше забележан на кошаркарски натпревар, а медиумите не ја пропуштија можноста да го пофалат.

Имено, тој се појави во кул спортско издание, во кое доминира црната боја. Посебно внимание привлече бомбер јакната што ја носеше. Се работи за парче од брендот „Rag & Bone Manston“ и тоа персонализирано.

На ракавот од јакната има извезено број 44. Доколку се прашувате зошто токму тој број, симболиката лежи во тоа што Обама беше 44. претседател на САД.

Остатокот од комбинацијата вклучува црн џинс, сомотска кошула и тенка црна блуза. 

Реткост е да се видат претседатели во вакво лежерно издание, но Барак за ова доби само пофалби во странските модни магазини, па воедно неговиот стајлинг може да претставува и инспирација за останатите мажи.

Објавено:
22 февруари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
373 пати