Бела Хадид: Горда сум на мојата вера!

4 април 2017

Таа е една од најпопуларните светски модели во моментов која потекнува од исклучително познато и богато семејство.

Покрај нејзината сестра Џиџи, Бела Хадид е најбараниот модел во светот за разни магазини, едиторијали, ревии или фотосесии со познати светски брендови.

Неодамна, таа за прв пат проговори за животното искуство на нејзиниот татко Мохамед кој бил бегалец и за нејзината муслиманска вера за која ќе каже дека има огромна почит.

Нејзиниот татко е роден во Назарет и живеел во Сирија и Либан пред да емигрира во САД на 14 години.

За прв пат во нејзината кариера, таа проговори искрено за нејзината вера и за нејзиниот татко чие богатство е проценето на 200 милиони американски долари.

„Тој отсекогаш бил религиозен и отсекогаш се молел заедно со нас. Горда сум што сум Муслиманка“, изјави таа во интервјуто за Porter магазинот.

Заедно со нејзината сестра Џиџи и братот Анвар тие беа во првите редови на протестот против Трамп кога тој забрани влез на државјани од муслиманските земји.

Таа појасни дека сака да биде дел од протестот за да порача дека сите луѓе се еднакви без разлика на верата, но и поради тоа што таа и самата е половина Муслиманка.

„Не треба да се однесуваме кон луѓето како тие да не заслужуваат добрина само заради тоа што се од онаа или од оваа вера. Тоа не е правилно. Пораката дека треба да сочувствувате со сите секогаш кога имате можност, тоа за мене е нешто особено важно“, изјави таа.

Објавено:
4 април 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.338 пати