Белите креации освојуваа на црвениот килим на БЕТ наградите

30 јуни 2014

Ѕвезди од светот на музиката, филмот, спортот и телевизијата се појавија на годинешното издание на БЕТ наградите во Лос Анџелес во неделата вечер.

Она што беше особено впечатливо и заедничко за поголемиот дел од ѕвездите, е тоа што оваа година тие ја одбраа белата боја која што дефинитивно владееше кај креациите на црвениот килим.

Раперот Нели и Лук Џејмс Раперот Нели и Лук Џејмс

Шоуто го водеше одличниот Крис Рок кој им приреди неверојатно забавна вечер за паметење на сите присутни. Во неделата вечер, во Нокиа Театарот супер изведби имаа раперот Нели, Робин Тик, Ники Минаж, Иги Азалеа, Џон Леџенд, Фарел Вилијамс и многу други, кои на сцената навистина ја оставија сета своја енергија.

Крис Рок Крис Рок

Особено изненадување на сцената беше раперот Ашер кој се појави по подолго време пауза, за да го прослави 20 годишниот јубилеј од неговиот деби албум.

Како што и се очекуваше, вечерта најмногу награди собраа Бијонсе и Џеј Зи кои беа оправдано отсутни, со оглед на тоа што во тек е нивната заедничка турнеја. Иако раперот Дрејк го победи Џеј Зи во категоријата најдобар хип – хоп машки изведувач, моќната двојка ја освои наградата за најдобра соработка за нивниот хит дует за песната „Drunk in love“.

Џон Леџенд Џон Леџенд

Наградата за животно достигнување сосема заслужено отиде во рацете на Лајонел Ричи кој и ги „почести“ своите обожаватели со енергичен и ултра позитивен настап.

Во однос на филмските награди, онаа за најдобра актерка отиде во рацете на Кери Вашингтон која ги победи Лупита Нјонго, Опра Винфри и Габриел Јунион во заедничката категорија. Таа на сцената се појави во прекрасен цветен фустан во кој изгледаше неверојатно секси, иако пред само неколку месеци таа го роди и своето прво дете.

Во продолжение во галеријата, погледнете ги фотографиите од ѕвездите на годинешното доделување на БЕТ наградите.

Објавено:
30 јуни 2014
Категорија: 
Сцена