Бен Афлек: Ми помага тоа што знам дека не сум сам!

5 октомври 2018

После подолга пауза, актерот Бен Афлек се обрати на јавноста преку социјалните мрежи. Познато е дека тој веќе со години наназад се бори со алкохолизмот, а овој пат ја искористи шансата да им се заблагодари на сите што веруваат во него.

„Оваа недела го завршив 40-дневниот престој во центарот за третман против зависност од алкохол. Не можам да искажам со зборови што ми значи п оддршката што ја примив од семејството, колегите и обожавателите. Тоа ми даде сила да зборувам со другите за мојата болест. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ben Affleck (@benaffleck) onJun 17, 2018 at 12:38pm PDT

 Надминувањето на која било зависност е доживотна и тешка борба. Тоа не е нешто за што не можете да речете сум или не сум на третман. Тоа е обврска за која треба постојана посветеност. Се борам за себе и за моето семејство. Многу луѓе ме контактираа на социјалните мрежи, споделувајќи со мене за нивните патувања со зависноста. На тие луѓе сакам да им речам - благодарам. Вашата сила е инспиративна и ми пруживте поддршка на начин на кој што мислев дека е невозможен. Ми помага тоа што знам дека не сум сам. Како што и самиот си се потсетувам себеси: „Ако имаш некој проблем, барањето помош е знак на храбост, а не на слабост и неуспех“, вели Афлек, додавајќи дека се надева дека ќе успее да биде пример за други што се соочуваат со истиот проблем.

Неговата поранешна сопруга, актерката Џенифер Гарнер, со која има три деца, беше таа што уште еднаш ја презема главната улога и го однесе Афлек на рехабилитација.

Минатиот месец неговиот брат, Кејси Афлек, откри дека во нивното семејство имаат долга историја на зависност со алкохол.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ben Affleck (@benaffleck) onOct 4, 2018 at 12:48pm PDT

 „Бен е зависник и алкохоличар. Голем дел од моите баби и дедовци го имаат истиот проблем. Татко ми е алкохоличар, најлош што можете да замислите, но е трезен веќе 30 години. Јас пак, сум трезен веќе шест години“, изјави актерот.

За потсетување, актерот беше на рехабилитација и во 2001 година. Во 2017 година повторно изјави дека завршува со минатото и продолжува напред.

„Сакам да го живеам животот максимално и да бидам најдобриот татко. Среќен сум што ја имам љубовта на семесјтвото и пријателите, вклучувајќи ја и на Џен, која ме поддржуваше и се грижеше за нашите деца додека јас за завршував работата што си ја поставив. Ова беше првиот од многуте чекори што ќе водат до позитивен резултат и опоравување“, изјави тогаш Афлек.

Објавено:
5 октомври 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
561 пати