Бети Вајт наполни 97 години!

18 јануари 2019

Една од омилените актерки во шоу-биз светот, Бети Вајт наполни 97 години! Но, она што уште повеќе го привлече внимание на медиумите е честитката која Рајан Рејнолдс ѝ ја упати.

Актерот на Инстаграм профилот сподели нивна заедничка фотографија од гостувањето кај Џеј Лено под која напиша:

 
 
 
View this post on Instagram

I don’t usually post about ex-girlfriends. But Betty’s special. Happy Birthday to the one and only, @bettymwhite

A post shared by Ryan Reynolds (@vancityreynolds) onJan 17, 2019 at 10:37am PST

 

„Најчесто не објавувам фотографии од поранешни девојки. Но, Бети е посебна. Среќен роденден на едната и единствена Бети Вајт“.

Извор близок на актерката вели дека „Нејзината роденденска желба е да се јави Роберт Ретфорд и да и го честита денот“. 

Тој додава дека таа се чувствува добро и дека е окружена со луѓето што ја сакаат.

„Дури и на оваа возраст Бети навечер игра покер со пријателите со кои го практикува тоа со декади“.

Бети, која е родена истата година со Џуди Гарланд и Ава Гарднер, е препознатлива по нејзината широка насмевка и платинесто руса коса која ја има речиси цел живот. 

 

 

Објавено:
18 јануари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.029 пати
Тагови: 
Бети Вајт