Беверли Хилс се враќа!?

26 декември 2018

Веројатно и вие како нас се израдувавте на фотографиите што ги гледате во продолжение и се потсетивте на едни прекрасни времиња, кога за ништо на светот не ја пропуштавме новата епизода од популарната хит серија Беверли Хилс.

Токму затоа, заедничката средба на главните ликови нѝ даде надеж дека повторно ќе се вратиме во младоста и ќе уживаме во продолжението на серијата за кое сè уште нема официјални податоци.

Иан Зеринг, Тори Спелинг, Џени Гарт и Брајан Остин Грин се само дел од екипата што се собра на заедничко кафе со продуцентите за да дискутираат за можно продолжение на популарната серија.

Првите шпекулации за продолжување на серијата започнаа во март кога Тори Спелинг објави фотографија со нејзината пријателка и колешка Џени Гарт.

На фотографиите не можеме да ги видиме Лук Пери и Шенон Доерти кои важеа за едни од омилените и најпопуларни ликови од серијата.

Пред некое време, Доерти објави фотографија на Инстаграм како се подготвува во соба за шминкање, а под фотографијата напиша: „Се враќам на старото“, а обожавателите веднаш посочија дека се работи за снимање на сцена од продолжението на серијата.

Речиси 30 години откако шоуто за прв пат беше пуштено на телевизија, сите актери изгледаат подеднакво добро и позитивно, а би било совршено уште еднаш да уживаме гледајќи ги во една од најпопуларните серии во светот Беверли Хилс 90201.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
26 декември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.277 пати