Без вкус и естетика – лошите комбинации доминираа на црвениот килим на АМА

25 ноември 2019

Вчеравечер во Лос Анџелес се одржаа 47-те по ред „American music awards", што беше повод на едно место да се соберат дел од најпопуларните музички и шоу бизнис ѕвезди во светот.

Домаќин на годинешната манифестација беше Сијара, а вечерта беше во знакот на поп ѕвездата Тејлор Свифт, која вклучително со годинешниве освоени признанија, стана најнаградуваната личност на оваа манифестација со вкупно 29 статуетки, рушејќи го дотогашниот рекорд на Мајкл Џексон со вкупно 24.

Фото: Wire image

Тејлор годинава го освои најпрестижното признание за Артист на годината и уште четири други, а покрај нив ѝ беше врачено и специјалното признание Артист на деценијата.

Фото: John Shearer - Getty images

Сите номинации и наградени може да ги погледнете на овој линк.

Црвенот килим е приказна за себе која треба да ѝ даде особен гламур на ваква манифестација и да го надополни позитивниот впечаток. Но, годинешниов црвен килим на АМА не само што не нè воодушеви, туку беше очигледно дека сериозно му недостасува естетика и вкус, со чест на исклучоците.

Доминираа безлични и по ништо атрактивни комбинации, најголем дел од нив на граница со досаден кич.

Каков е вашиот впечаток?

Фото: John Shearer - Getty images

Фото: John Shearer - Getty images

Фото: John Shearer - Getty images

Фото: Rich Fury - Getty images

Фото: Rich Fury - Getty images

Фото: Rich Fury - Getty images

Фото: Steve Granitz - Wire image

Фото: Steve Granitz - Wire image

Фото: Stewart Cook - Shutterstock

Фото: Stewart Cook - Shutterstock

 

Објавено:
25 ноември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.490 пати