Бијонсе е бремена со близнаци: Погледнете ја првата фотографија!

2 февруари 2017

Ако вчеравечер имавте можност барем малку време да одвоите за социјалните мрежи, тогаш сигурно ја погледнавте објавата на музичката дива Бијонсе со која го извести светот дека е бремена со близнаци. 

Со прекрасна фотографија на која носи само долна облека во темно виолетова и сина боја покриена со зелен вел на главата, таа го покажа стомакот во шармантна цветна сценографија. 

„Би сакале со вас да ја споделиме нашата среќа. Нашето семејство беше два пати благословено. Неверојатно сме благодарни што домот ќе ни биде побогат за двајца и ви благодариме за прекрасните желби“, напиша 35 – годишната музичка ѕвезда под фотографијата. 

Веднаш по нејзината објава, Интернетот буквално „полуде“, па на речиси сите медиуми имаше бројни написи за бременоста, почнувајќи од тоа кога треба да се родат близнаците, па сѐ до тоа дали таа ќе настапи на Коачела како што беше најавено. 

Според некои од објавите, фактот што таа одбрала виолетова и сина долна облека укажува на тоа дека очекува момче и девојче и дека е можеби во петтиот месец од бременоста. 

Светски популарната пејачка последниве неколку месеци не се појавуваше во јавност, а сега ја откри и причината за тоа. 

Само неколку часа пред објавата на Инстаграм, пејачката објави ново видео и фотографии за нејзината колекција Ivy Park каде на една од фотографиите може да се забележи нејзиниот стомак. 

За само неколку часа од објавата, фотографијата што таа ја објави на социјалната мрежа Инстаграм доби повеќе од седум милиони допаѓања со што беше прогласена за „најлајкувана“ фотографија во историјата.

Објавено:
2 февруари 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.801 пати