Бијонсе ги реобедини Destiny’s child на Коачела

16 април 2018

Епскиот настап на Бијонсе на Коачела, беше една од главните теми за која пишуваа медиумите викендов.
Критичарите го оценија како еден од нејзините најкомплетни настапи до сега, со совршена координација меѓу секој сегмент на сценаската приказна.

После долги години, на иста сцена Бијонсе повторно ги обедини Destiny's child што беше едно од најголемите изненадувања вечерта. А покрај ѕвездите на најголемата женска поп сензација пред десетина години, на Бијонсе на сцена и се придружија и Џеј Зи и Соланж Ноулс.

Кога е во прашање сценската костимографија, Бијонсе е секогаш врвна во тој сегмен, а овој пат облече четири фантастични костими со потписот на Балман.

Настапот го отвори марширајќи со својата „формација" на Crazy in love, а пота следуваше музичка ретроспектива на нејзината комплетна кариера.

Инаку, Бијонсе требаше да го реализира својот настап на Коачела минатата година, но поради бременоста со близнаците, го одложи за оваа година.

Фото извор: Getty images

 

Објавено:
16 април 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
326 пати
Тагови: 
Коачела Бијонсе