Бијонсе го има најзабавниот „baby shower“ оваа сезона

22 мај 2017

Веќе знаете дека ова е дефинитивно година во која голем дел од познатите дами очекуваат пригода, а дефинитивно најпознатата од нив е музичката дива Бијонсе.

Откако пред неколку месеци на нејзиниот Инстаграм профил таа објави дека очекува близнаци, обожавателите секој ден се во исчекување на нова фотографија.

Викендов, нејзините пријателки ѝ организираа „baby shower“ со Африка како главна тема, а на фотографиите можеме да видиме многу познати личности, меѓу кои и поранешните членки од Destiny's Child и познатата тенисерка Серена Вилијамс.

Забавата за доаѓањето на близнаците Картер беше целосно организирана во африкански стил, па така секој присутен мораше да биде облечен во колоритни комбинации, имаше бенд кој свиреше африканска музика, многу етно мотиви во просторот, бројни танчери и вкусна храна и пијалаци.

На фотографиите што таа ги објави на социјалната мрежа Инстаграм се забележуваат тетоважите со кои е исцртан нејзиниот стомак, а судејќи според големината, се чини дека таа многу наскоро треба да се породи.

На забавата таа се појави во шарено здолниште со карнери и горен дел од костим за капење, со голема марама на главата и уште помасивни обетки и спектакуларен накит.

Присутните потврдуваат дека семејството Картер организирале уште една забава за паметење полна со игри и забава по кои тие инаку се познати.

Објавено:
22 мај 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
636 пати