Бијонсе и Џеј Зи ја започнаа концертната турнеја во фантастични костими

8 јуни 2018

Кога е во прашање концертна турнеја на еден од највилјателните парови во шоу бизнисот, Бијонсе и Џеј Зи, очекувањата се секогаш врвни. Така е и овојпат, за нивната нова турнеја насловена On The Run ||, што ја започнаа завчера со концерт во Калиф, Велс.

Ако судиме по првиот од низата концерти, по написите во светските медиуми, тогаш може да посочиме дека парот се надминал себе си во секоја смисла, а она што може да очекува публиката во најмала рака е фантастично шоу.

Покрај нивните најголеми хитови, впечатокот секогаш е надополнет со беспрекорниот сценски настап, што неизбежно ја вклучува и фантастичната костимографија.

Овој пат, Бијонсе и Џеј Зи на себе носеа сценски костими со потписот на Гучи, Laquan Smith, Тиери Муглер, Живанши, а резултатот без исклучок е перфектен.


Фото извор: Getty images

 

Објавено:
8 јуни 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
489 пати