Бијонсе и Џеј Зи уживаат на одмор со трите деца

3 јули 2018

Овие денови таа е актуелна со несреќата што и се случи на сцената на еден концерт за време на турнејата со нејзиниот сопруг, но како и секогаш, таа успеа достоинствено да остане на нозе додека нејзиниот тим среди сè.

Музичката дива Бијонсе реши да одмори од секојдневните концерти и да ужива во прекрасните европски места во друштво на нејзиниот сопруг и трите деца.

На својот Инстаграм профил таа објави неколку фотографии на кои позира со Џеј Зи и Блу Ајви, облечена во прекрасен портокалов фустан со карнери и длабоко деколте, комбиниран со транспарентни високи потпетици.

Пејачката и нејзиниот сопруг неодамна ја завршија нивната британска турнеја, за нешто подоцна да се упатат кон Европа каде одржаа бројни концерти.

Во моментов, тие се на семеен одмор во Кан, а пејачката постојано објавува фотографии од прочетките со нејзиното семејство, а деновиве тие ја продолжуваат нивната европска турнеја сè до 17 јули, а потоа заминуваат во Америка.

Објавено:
3 јули 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.129 пати