Бијонсе ја објави првата фотографија со близнаците

14 јули 2017

Утринава на својот профил на Инстаграм, Бијонсе ја објави долгоочекуваната прва фотографија со нејзините близнаци.

Во истиот фазон како сетот фотографии со кои ја најави својата бременост, Бијонсе е сликана со близнаците во амбиент со многу цвеќиња и светли бои.

Со објавата на оваа фотографија на денот кога близнаците полнат еден месец, таа ги откри и нивните имиња: Rumi и Sir Carter.

@beyonce

 

Објавено:
14 јули 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
632 пати