Бијонсе ја симна Опра од врвот

1 јули 2014

Поп дивата Бијонсе „застана“ на врвот од листата на магазинот Форбс за најмоќни познати личности. Зад неа следува кошаркарот Леброн Џејмс, потоа музичарот Др. Дре, Опра Винфри, Елен Дегенерс, а на шестата позиција се наоѓа токму сопругот на Бијонсе, Џеј Зи. Мега славната пејачка во период од една година настапи 95 пати, а од секој концерт има заработка од 2,4 милиони долари. По објавувањето на албумот Бијонсе сними 14 спотови, а синглот „Drunk in Love“ беше  продаден во преку милион примероци.

 

Тука е и соработката со брендовите како Пепси и H&M, како и парфемите со нејзиниот потпис. Според соопштението кое го пренесува Форбс, Бијонсе годишно заработува околу 115 милиони долари пресметано од минатиот јули па се до овој месец од 2014 година.

 

Објавено:
1 јули 2014
Категорија: 
Сцена