Бијонсе пееше на најлуксузната индиска свадба во историјата

10 декември 2018

Викендов се случија пред – свадбените церемонии на најбогатата индиска наследничка Иша Амбани која оваа среда ќе го каже судбоносното „да“ на нејзиниот избраник, Ананд Пирамал.

Со оглед на тоа што оваа церемонија не можеше да биде полуксузна, не е познато што ќе се случува во среда кога и треба да се одржи официјалната церемонија.

Иша ги служи гостите Фото: AFP

На забавата беа присутни луѓе од светската бизнис заецница, но и многу познати меѓу кои и Хилари Клинтон, Дипика Падуконе со сопругот, Пријанка Чопра и Ник Џонас, Ариана Хафингтон и многу други.

Иша, Хилари и мајката на Иша Фото: Reuters

Главна ѕвезда на вечерта беше светски познатата ѕвезда Бијонсе која имаше спектакуларен мини концерт каде отпеа некои од нејзините најголеми хитови.

Таа на Инстаграм сподели неколку фотографии облечена во традиционална индиска облека, но и фотографии од сцената во неколку костими во кои изгледаше спектакуларно.

Инаку, ангажманот на Бијонсе воопшто не е за чудење со оглед на тоа што невестата е ќерка на најбогатиот човек во Индија, Мукеш Амбани чие богатство според Форбс е проценето на повеќе од 47 милијарди долари.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Filmfare (@filmfare) onDec 9, 2018 at 10:20pm PST

Во моментов, 27 годишната Иша е на чело на бордот на директори на две компании на нејзиниот татко, а нејзиниот избраник исто така доаѓа од едно од најпознатите и најбогати индиски семејства.

Фото: AP

Индиските медиуми церемонијата ја опишаа како „Големата, дебела индиска свадба“ во време кога во земјата повеќе од 10 милиони лица се борат со сиромаштијата.

Семејствата на Иша и Ананд

Во продолжение погледнете ги видеата од тоа како изгледаше една од најлуксузните индиски свадби во историјата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Filmfare (@filmfare) onDec 9, 2018 at 10:44am PST

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Filmfare (@filmfare) onDec 9, 2018 at 10:07am PST

Објавено:
10 декември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.320 пати