Бијонсе во впечатливи комбинации на Топшоп

4 ноември 2014

Откако неодамна беше потврдена информацијата дека иконата на стилот и музичка ѕвезда , Бијонсе заедно со познатиот бренд Топшоп ќе создадат заедничка модна етикета, веќе почнаа предвидувањата во каква стилска конотација ќе варира нивниот споен моден сенс.

Она што е сигурно е дека нивниот заеднички бренд Parkwood Topshop Athletic Ltd ќе продуцира колекции што ќе бидат лежерни и со спортски дух, но ќе носат една уникатна нишка која ќе произлезе од заедничката соработка.

И самата Бијонсе е голем обожавател на „high street“ брендот, па често може да ја видиме во оригинални комбинации на Топшоп, особено кога е надвор од работните обврски.

Меѓу омилените комбинации ги извојуваме оние со здолништа со висок струк спарени со кратки топови во риги, лежерните шорцеви украсени со бела тантела, како и женствените фустани со висок шлиц.

 

 

Објавено:
4 ноември 2014
Категорија: 
Сцена