Битката со болеста го уништи познатиот актер!

25 јули 2019

Познатиот актер Вал Килмер (59) за прв пат по неколку години беше фотографиран на прошетка низ Њујорк, откако пред некое време се повлече од јавноста со цел да се посвети на своето здравје.

Неговото појавување доаѓа само неколку дена откако беше објавен трејлерот за второто продолжение на култниот филм Top Gun: Maverick во кој улогите ги толкуваат голем дел од актерите од 1986 – тата година.

Иако и продуцентот и самиот актер најавија дека тој ќе се појави во филмот, во трејлерот се забележува неговото отсуство, но сѐ уште не е официјално потврдено дали актерот навистина ќе се појави во филмот во улогата на познатиот Ајсмен.

Тој е дефинитивно еден од најшармантните актери кои било кога се појавиле во Холивуд, со голем број исклучителни улоги зад себе и кариера каква што секој би посакал.

Последните неколку години тој се бори со рак на грлото поради што и неговиот изглед е целосно сменет за што и се говори во медиумите деновиве.

„Иако ја третираме болеста постојано, јазикот сѐ уште ми е оштетен и потечен од сите третмани, па поради тоа мојот глас не звучи нормално“, изјави актерот во една прилика.

Неговите обожаватели беа воодушевени од неговото појавување во Њујорк бидејќи тоа најверојатно значи дека неговата здравствена ситуација е подобра, па можно е и повторно да се врати на сцената.

Пред неколку дена актерот за прв пат се обрати во седиштето на Обединетите нации, односно на самитот NOVUS каде му беше доделена награда за неговата работа со фондацијата Твејн Манија која образува деца преку делата на Марк Твејн.

Погледнете го инспиративното видео со кое Вал Килмер уште еднаш докажа дека покрај тоа што е легендарен актер, тој е и неверојатен човек и инспирација.

Инфо: Mirror.co.uk, The Sun

Фото: New York post, Mirror.com.uk, The Sun

Објавено:
25 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.246 пати