Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс во елегантно издание на премиерата на „Deadpool 2“

15 мај 2018

Во Њујорк вчера се одржа премиерата на второто продолжение на „Deadpool“. Актерот кој ја толкува главната улога, Рајан Рејнолдс, се појави во друштво на сопругата Блејк Лајвли.

Модно прецизни и елегантни, тие и овој пат оставија силен впечаток. Актерот се одлучи за сиво струкирано одело, во комбинација со беж елек со дворедно закопчување, со потпис на Брунело Кучинели.

Блејк пак, повторно се одлучи за креација на Брендон Максвел. Се работи за црн светкав фустан, кого го збогати со широк црвен ремен на врзување.

Посебен впечаток остави чантата, во форма на аудио касета. Маникирот е ускладен со чантата, со што актерката покажа дека ништо не препушта на случајот и води сметка и за најмалиот детаљ. 

Објавено:
15 мај 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
894 пати