Блескав црвен килим на amfAR

10 февруари 2017

Традиционално пред почетокот на Њујоршката модна недела, завчера во Њујорк по 19-ти пат се одржа хуманитарната гала вечера amfAR.

На овој добротворен настан каде секоја година се собираат средства за фондацијата за подигнување на свеста и истражувањата во однос на сидата, годинава признанија им беа доделени на актерката Скарлет Јохансон и дизајнерката Донатела Версаче за нивниот посебен придонес во борбата против оваа болест.

На црвениот килим особено вниманието го привлекоа топ моделите, кои се појавија во гламурозни креации, што во најголем дел беа изработени од транспарентни материјали украсени со светкави детали.

Каков беше амбиентот на црвениот килим, погледнете во галеријата во продолжение.

Објавено:
10 февруари 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
963 пати