Блогерката Кјара Ферањи е новиот дизајнер на Интимисими

16 јуни 2017

Најпознатата италијанска блогерка Кјара Ферањи која неодамна го кажа судбоносното „да“ на нејзиното момче Федез, има нов успех со кој може да му се пофали на светот.

Популарниот италијански бренд за долна облека, Интимисими, ја најми Ферањи да ги дизајнира костимите за нивното шоу на мраз кое треба да се случи на шести и седми октомври.

Шоуто кое ќе се одржи во реновираната арена во Верона ќе го носи насловот „A legend of beauty“ и на него се очекува да настапат познати музичари и професионални лизгачи на мраз.

Познатата блогерка објаснува дека нивната соработка се случила многу спонтано и дека ова е совршена шанса таа да ги тестира нејзините способности и да доживее искуство како никогаш досега.

Со армија од околу 10 милиони следбеници на социјалната мрежа Инстаграм, Ферањи е дефинитивно една од највлијателните блогерки во светот денеска.

„Многу сум возбудена што ќе работам на нешто толку ново за мене“, напиша таа под фотографијата на Инстаграм со која ја обелодени соработката.

Објавено:
16 јуни 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
188 пати