Блогерката Меја Вејхе обожува црно во лето!

4 август 2016

Германската блогерка Меја Вејхе на девојките им е позната по одличните комбинации кои секогаш се микс на рокерски стил и бохо шик, а ова лето ни покажа како да носиме црно и на +40.

Позната на социјалните мрежи под скратеното име Maja Wyh, таа секојдневно воодушевува со нејзините стилски комбинации кои веднаш потоа го преплавуваат Инстаграм.  

Ова лето таа ги посети Калифорнија и Тексас, од каде редовно ги радуваше нејзините обожаватели со по некоја шик комбинација.

Токму таа нѐ научи дека и во летниот период не треба да се плашиме од црната боја и да ја заборавиме во топлата сезона.

Иако девојките најчесто ја избегнуваат во лето поради тоа што апсорбира топлина повеќе од другите бои, со изборот на вистинските лесни парчиња, таа може да биде одличен избор за промена.

Таа без двоумење носи транспарентно, тантелно фустанче кое изгледа совршено во лето и ѝ овозможува на кожата слободно да дише.

На секоја црна комбинација таа ѝ додава совршен накит како и секогаш, со што остава посебен печат на секој стајлинг.

Инспирирајте се од Меја и уживајте ова лето во плисираните црни здолништа, широките маички на куси ракави, црните куси тексас панталони, фустаните – кошули и сите други модели што ги обожавате во црна варијанта.

Објавено:
4 август 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.218 пати