Блузата што ја обожаваат сите модни инфлуенсерки

7 септември 2018

Блузите со копчиња се дефинитивно парче што често ќе го гледаме претстојната сезона, па време е да ги дознаеме брендовите кои ги нудат најдобрите.

Иако можеби брендот Orseund Iris е сосема непознат, но токму нивните парчиња се едни од најпосакуваните сезонава и нешто што девојките на Инстаграм ги обожаваат.

Оваа блуза ја носи речиси секоја девојка на социјалните мрежи, а со самото тоа стана популарна преку ноќ.

Истата е неодолива и сосема ретро, што ја прави уште попосакувана. Покрај оваа блуза, брендот нуди многу други парчиња изработени од лежерни и нежни материјали поради кои девојките ги обожаваат.

Можете да ја комбинирате со фармерки со висок струк, кул чизми, интересни панталони и здолништа и што уште не.

Извор и фото: Fashion.hr, Instagram

Објавено:
7 септември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.807 пати