Бохо стилска мама - Моли Симс

11 август 2017

Супер моделот и актерка, 44-годишната Моли Симс е стилска мама на Греј Даглас, Скарлет Меј и Брукс Алан.

Откако стана мајка, Моли започна блог каде ги споделува сите оние „обични" нешта од секојдневието на една мајка –супер модел.

Но, она што е најинтересно за јавноста е нејзиниот прецизно дефиниран стил, инспиративен за сите мајки што го следат нејзиниот блог, но и Инстаграм профил.

Бохо естетиката е присутна во секој сегмент на нејзиниот имиџ, од лежерната фризура и минималната шминка до цветните макси фустани и кафтани што се задолжителни во нејзиниот стил.

Фото извор: Инстаграм

 

Објавено:
11 август 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.148 пати