Бохо убавина на едно место - 70' babes

24 декември 2014

70' babes е профил на Инстаграм кој е неисцрпна инспирација за камбекот на модните трендови, но и за девојките кои изгледаат апсолутно фантастично. Доколку до сега не ви го привлековме вниманието, тогаш сигурно ќе ви се допадне фактот што токму Кендис Сванпул неодамна изјави дека е чест посетител на овој профил и дека најчесто од тука, ја црпи инспирацијата за нов изглед. Ова особено се однесува на панталоните со висок струк и витканата коса, стил по кој е позната  Фара Фосет.

Всушност Сванпул е најзаслужна за  популарноста на профилот бидејќи во интервју за The Gloss изјави – „Најголема инспирација за стилот ми се 70-тите и 80-тите години. Постои профил на Инстаграм со наслов 70babes кој го обожавам и чии фотографии често ги споделувам на мојот профил“.

Профилот има над 22. 000 фанови и речиси никој не може да одолее на винтиџ фотографиите со бохо убавици во фокусот. Доколку ги следните модните новитети, тогаш топло ви препорачуваме да го следите овој профил, кој всушност на еден начин е наговестување за модните трендови во однос на зимските колекции за сезона 2014/15.

Објавено:
24 декември 2014
Категорија: 
Сцена