Бред Пит прекрасен на одмор во Италија

29 мај 2019

Откако неодамна го претстави неговиот нов филм во Кан, 55 – годишниот Бред Пит се упати на краток одмор во Италија.

Папараците направија неколку фотографии од познатиот актер во Венеција во друштво на неговите пријатели со кои се упати на изложба.

Како што истакна во неколку наврати, разводот бил неверојатно стресен период за него, особено проблемите со старателството врз нивните деца.

Се чини дека по разводот тој изгледа подобро од кога и да е, а наводно мирот го пронашол во изработување на скулптури во што му помогнал неговиот пријател Томас со кого е снимен во Венеција.

За време на прошетката, актерот носеше едноставна и лежерна комбинација составена од темни панталони, блуза во кафена нијанса, јакна и препознатливите очила за сонце и капа.

Како ви се допаѓа ова опуштено издание на згодниот актер?

Инфо и фото: Tportal.hr

Објавено:
29 мај 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.960 пати