Бредли Купер на свечен настан во Њујорк со слатката ќеркичка Леа

28 октомври 2019

Шармантниот актер Бредли Купер присуствуваше на традиционалното доделување на наградата Марк Твејн за најдобар американски комичар, а годинава истата му припадна на познатиот Дејв Шапел.

На доделувањето на наградата тој се појави со неговата слатка ќеркичка Леа де Сејн која ја доби од врската со познатата манекенка Ирина Шајк.

Бредли и Леа беа вистински празник за очи, облечени во темни комбинации, тој во костим, а таа во шармантно црно фустанче со ѕвездички и елече.

Дополнително, малата Леа носеше бели хулахопки и црни патичиња, додека нејзиниот татко спортска капа и црн ранец.

По четири години заедно, Бредли и Ирина ја прекинаа врската, а многумина шпекулираа дека причината за тоа е хемијата помеѓу него и Лејди Гага.

По прекинот на врската, старателството врз малата Леа остана заедничко, а и тие останаа да живеат во Њујорк за подобра комуникација.

Погледнете во каква убавица порасна нивната ќерка.  

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
28 октомври 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
5.368 пати