Брендон и Бренда објавија заедничка фотографија по 20 години!

2 јули 2019

Иако од прикажувањето на серијата поминаа речиси 20 години, популарноста на Беверли Хилс никогаш не се намали.

Од неодамна тие се повторно во центарот на вниманието со снимањето на новите епизоди што обожавателите со нетрпение ги очекуваат.

Омилените актери од серијата постојано објавуваат фотографии од снимањето на социјалните мрежи, со што нетрпеливоста за тоа како ќе изгледаат новите епизоди расте уште повеќе.

Шенон Доерти ја објави можеби најочекуваната фотографија на нејзиниот Инстаграм профил на која позира со нејзиниот брат близнак од серијата, шармантниот Брендон или Џејсон Присли.

 
 
 
View this post on Instagram

And just like that, the twins are back.

A post shared by ShannenDoherty (@theshando) onJun 26, 2019 at 8:23pm PDT

На фотографијата се гледа дека иако видно остарен, актерот е подеднакво згоден и шармантен како пред 20 години кога беше љубов на сите тинејџерки во светот.

„И така...Близнаците се вратија“, напиша актерката под фотографијата, по што нивните фанови не можеа да го скријат воодушевувањето во коментарите под објавата.

Според последните информации, премиерата на првата епизода од новата сезона се очекува да се случи на седми август годинава, а како што најавуваат продуцентите, продолжението ќе биде инспирирано од вистинскиот живот на актерите.

 Инфо и фото: Zena.blic.rs

Објавено:
2 јули 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
6.046 пати