Британските музички награди во знакот на Дејвид Боуви

24 февруари 2017

Големиот уметник Дејвид Боуви постхумно беше награден на Британските музички награди што се одржаа завчера и поминаа токму во знакот на оваа музичка легенда.

Боуви ги освои престижните награди за најдобар британски изведувач и за најдобар албум на годината, неговото последно остварување „Blackstar".

Помеѓу наградените на манифестацијата која се смета за британски пандан на престижните Греми награди беа и: инди рокерите „The 1975" за најдобар британски бенд, Емили Санде за најдобра пејачка, Адел го освои признанието за глобален успех, а женскиот бенд Little Mix ја освои наградата за најдобра песна за нивниот хит „Shout Out To My Ex".

Помеѓу присутните беа и Колдплеј, Ед Шеран, Кејти Пери, Роби Вилијамс и други големи музички имиња.

Во галеријата во продолжение погледнете како изгледаше црвениот килим.

Објавено:
24 февруари 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
152 пати