Шармантната актерка Риси Витерспун го прослави нејзиниот 40 – ти роденден, а со оглед на статусот што таа го ужива во Холивуд, сосема очекувано беше на нејзината забава да се појават некои од најголемите ѕвезди. 

Дека таа е навистина дружељубива личност како што впрочем се зборува за неа, покажа и огромниот број на пријатели кои беа дел од нејзиниот роденден за кој многумина ќе кажат дека бил за паметење. 

Меѓу гостите на роденденот на актерката беа и единствената Џенифер Анистон која се појави со нејзиниот сопруг Џастин Теро, а подеднакво вљубени и прекрасни беа и Никол Кидман и Кит Урбан. 

Речиси сите нејзини пријателки одбраа црни комбинации за забавата, а најголем впечаток дефинитивно оставија Кејт Хадсон, Оливиа Мун, Сара Полсен, но и прекрасната Ајла Фишер која се одлучи за куси бели панталончиња и нежна блуза од тантела. 

Славеничката се одлучи за интересен светкав фустан со долги ракави комбиниран со златни сандали од ресортот на Гучи. 

Како и секогаш, актерката се одлучи за едноставна и природна шминка и фризура по која е впрочем и позната од самиот почеток. 

За забавата да стане уште подобра, на сцената се појави и нејзината пријателка Тејлор Свифт која го испеа огромниот хит, инаку омилен на актерката, Shake it off, а подеднакво добар настап имаше и сопругот на Никол Кидман, Кит Урбан. 

Како изгледа кога Риси Витерспун слави роденден со познати гости, погледнете во галеријата.

Објавено:
22 март 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.178 пати