CFDA ја прогласи Џенифер Лопез за модна икона

18 април 2019

Конечно, светски познатата музичка дива и актерка ќе добие признание за нејзиниот неверојатен стил по кој е препознатлива години наназад.

The Independent

Прекрасната Џенифер Лопез е дефинитивно една од најголемите модни икони во светот, па токму тоа ќе биде и наградата што ќе и биде врачена на трети јуни во рамки на CFDA наградите.

Советот на модни дизајнери од Америка ја објави веста на Инстаграм, соопштувајќи дека голема е честа да ѝ се додели оваа награда на жена каква што е Лопез.

„Џенифер Лопез ја користи облеката како начин да ја изрази својата самодоверба и моќ. Дизајнерите и нејзините обожаватели секогаш се радуваат на нејзините модни комбинации. Нејзиниот стил е уникатен, моќен и секогаш за памтење. Дизајнерите секогаш се радуваат на соработките со неа, без разлика дали е за на сцена или пак за некои приватни моменти“, велат од CFDA.

Од организацијата посочија дека во предвид биле земени сите нејзини досегашни комбинации, вклучувајќи го и иконскиот зелен Версаче фустан со длабоко деколте по кој секогаш ќе остане запаметена.

Оттогаш, таа има соработувано со голем дел од светски познатите дизајнери, но одбира и парчиња од помалку познати со цел промовирање на нивната работа.

Позната е по исклучителните стајлинзи, а често можеме да ја видиме и во провокативни парчиња, но никогаш вулгарна.  

Пејачката и актерка ова лето ќе го прослави 50 – тиот роденден. Во чест на наградата, во продолжение се потстуваме на некои од нејзините најдобри стајлинзи.

Инфо: Harper's Bazaar

Фото: Teen Vogue, Getty Images, US Weekly, Harper's Bazaar, Elle

Објавено:
18 април 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
643 пати