Шоуто кое претходно го знаевме како MTV Movie Awards, годинава ги изненади сите со доделување и на телевизиски награди, нешто што досега не беше случај.

Иако Холивуд беше подготвен за гламурозниот црвен килим, силниот дожд ги натера организаторите да го откажат истиот поради огромното количество на вода кое правеше големи проблеми.

Се чини дека шоуто тргна во погрешна насока, имајќи го во предвид лошиот избор на водител кој не ги задоволи критериумите на присутните, но актерот Адам Девин се потруди да го покаже најдоброто од себе.

Кога станува збор за модата, голем дел од актерките се појавија во навистина чудни и во најмала рака лоши комбинации, а дел од нив се чини дека и воопшто не се потрудиле за свечениот настан кој се одржа вчеравечер.

Меѓу најлошо облечените дефинитивно беа Амбер Роуз која се појави во дводелна комбинација составена од црвено здолниште со странични отвори и нешто што наликуваше на градник со бујно деколте.

Многумина беа изненадени од изборот на фустанот на актерката Фара Абрахам кој наликуваше на оние од Боливуд, како и нејзиниот целосен изглед.

Меѓу најдобро облечените дефинитивно беше новата холивудска ѕвезда Зендаја која се одлучи за зелен раскошен фустан со длабоко деколте и отворен грб.

Подеднакво шик во црни креации беа актерките Ема Вотсон и Кара Делевињ, а совршена во црно палто беше и Гал Гадот која му ја врачи наградата на Вин Дизел.

Кога сме кај наградите, она на што многумина се израдуваа беше тоа што конечно немаше посебни категории за најдобар актер и актерка, туку насловот беше ист без разлика дали станува збор за женско или машко добитник во конкретната категорија.

Наградата за најдобар актер ја доби прекрасната Ема Вотсон која се заблагодари на организаторите што конечно се сетиле дека не треба да ги ограничуваат номинираните во посебни категории.

„Ова е првата награда во историјата што не ги дели мажите и жените и тоа всушност кажува многу за тоа колку нашата перцепција за светот се менува“, рече актерката кога ја доби наградата.

Подеднакво емотивен беше моментот кога актерот Вин Дизел ја доби наградата за миленици на генерацијата во име на целата екипа од The Fast and Furious , а истата ја посвети на нивниот колега Пол Вокер.

„Никогаш нема да можам да застанам на оваа сцена, а да не го споменам нашиот брат Пабло. Се надеваме дека си горд на сите“, рече актерот кој го толкува ликот на Доминик Торето во филмот во изминатите 16 години.

Сите останати добитници на наградите можете да ги погледнете на следниов линк, а во галеријата погледнете како изгледаа ѕвездите на годинешните MTV Movie & TV Awards.

Објавено:
8 мај 2017
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
992 пати