Во Калифорнија вчеравечер се одржа 24.издание на манифестацијата „Critics Choice Awards“. Вечерта ја одбележаа Лејди Гага и Глен Клос. Двете беа номинирани и ја освоија наградата за Најдобра актерка за улогата „A Star Is Born“, односно „The Wife“. 

Имаше уште една „двојна“ награда. Имено, Ејми Адамс и Патриција Аркет ја освоија наградата „Најдобра актерка во лимитирана серија“.

Во машка категорија, за „Најдобар актер“ е прогласен Кристијан Бејл за улогата во „Vice“, а за „Најдобра споредна улога“ награден е Махершала Али за улогата во остварувањето „Green Book“.

Филмот „Roma“ е прогласен за најдобар, додека режисерот на истиот, Алфонсо Куарон ја прими наградата за „Најдобар режисер“. 

Комплетната листа на номинирани и наградени можете да ја погледнете ТУКА.

Ништо помалку впечатлив не е и црвениот килим. Речиси и да нема модна катастрофа, па креациите што ги видовме можат навистина да послужат како инспирација или пак, едноставно ќе уживате да се восхитувате во гламурот. 

Со оглед на блиските термини на одржување на овие награди и „Златните глобуси“, на социјалните мрежи дел се пошегуваа дека црвениот килим на Critics Choice Awards е реприза од „Златните глобуси“, но не толку по креаците, колку заради истата екипа на луѓе.

Меѓу ѕвездите што оставија најголем впечаток се најдоа повторно Никол Кидман и Џулија Робертс.

Кидман остана доследна на „Армани“, па заблеска во црно-бела креација за која се зборува и ден потоа. Робертс пак, не ја менува успешната формула на класични панталони и долг горен дел. Така, овој пат изборот е креација на „Луј Витон“ која се состои од бели панталони и горен дел кој наликува на фрак, во црна боја.

Лејди Гага исто така се најде на листата на најдобро облечени и тоа во минималистичка креација на „Калвин Клајн“

И Шарлиз Терон ја одбележа вечерта со својот изглед. Таа се појави во металик нијансирана креација на „Живанши“.

Кога се мажите во прашање, најголемо внимание се сврте околу изгледот на Тимоти Чаламет, кој се појави во одело со принт на „Александар Меквин“. Рики Мартин беше вистински џентлмен во црно одело, додека сребрените нијанси го доведоа и Дарен Крис на листата најдобро облечени мажи.

Во галеријата погоре погледнете ги останатите, сигурни сме дека ќе уживате:

 

 

Објавено:
14 јануари 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
693 пати